Вторник, 09 Март 2010 17:21

Неидентификуван сумо борач го откорнал и однел банкоматот од еден руски трговски центар.
Курпулентниот човек влегол со соучесникот во овој настан во шопинг центарот во Москва и успеал да украде банкомат, а потоа го ставил на грб и киднал. Еден човек го забележал како бега со банкомат на грбот, одма викнал полиција. Двајцата крадци се уапсени кога пробале да избегаат со автомобилот. Борачот подоцна во московкста почиција рекол дека професионално се бави со сумо борење, но интересно е да напоменеме дека банкоматот кој тој го однел тежи 100 килограми.