Среда, 10 Март 2010 14:33

Медицинскта сестра од Лондон ја загубила својата работа бидејќи наводно спиела со сопрузите на најмалку три пациентки ои умреле од рак.
Раководителите на болницата Кралица Елизабета, ја отпуштиле Сара Дал (39) поради романси со туѓи мажи. Нејзината слабост кон ваквите мажи ја забележала и колешката откако ја фатила со 50 годишен маж, чија животна партнерка починала минатата година. ''Сара е многу популарна меѓу колегите, но и меѓу пациентите. Кога се појавија обвинениата, луѓето беа шокирани'', ''Некое време веќе не доаѓа на работа, но нам ни рекоа дека е отпуштена пред неколку недели'', рекла една нејзина колешка. Сара во своја одбрана пред медиумите рекла дека немала никаква врска со било кој пациент.