Сабота, 03 Јули 2010 09:27

Еден провалник во Џорџија влегол во една куќа како би се избањал.
Името на мажот кој го направил тоа не е соопштено. Имено тој провалил во попладневните часови во куќа во Розвел, додека сопственичката била на работа. Кога пристигнала дома, сватила дека не е сама и дека има некој во купатилото. Таа влегла во купатилото и го видела провалникот како се тушира. Налутена почнала да вика и пробала да го исфрли, а тој рекол дека е војвода од Германија и да не му се обраќа така. Подоцна откако сопственичката повикала полиција, полицијата пристигнала и го уапсила господинот.