Сабота, 03 Јули 2010 09:54

Во некои градови во Италија не бидете изненадени доколку добиете казна за бакнување во кола, за носење кломпи или пак доколку ги храните залутаните мачки.
Повеќе од 150 закони за јавна безбедност стапија на сила откако Берлускони на локалните власти им даде поголема моќ во обид да им помогне да се изборат со криминалот и асоцијалното однесување. Мешу тие закони се наоѓаат некои чудни, пример дете доколку на плажите во еден град (Ераклеи) направи замок од песок ќе биде строго казнето. Во близина на Неапол доколку се бакнувате во автомобил тоа ќе ве чини неколку стотина евра, зошто тоа е забрането со закон. Во Видџеван за седење на скалите на спомениците се наплаќа сто евра, додека пак за пушење на плажата Ористано ќе ве чини двеста евра. На Капри има забрана за носење на бучни дрвени кломпи кои прават врева, а се забранети за да не се вознемируваат посетителите. Во Бергами хранењето на гулабите си носи последица, а тоа е казна од двеста евра, додека во Венеција четерсто. Доколку пак во Чезена сакате да нахраните бездомни мачки бидете спремни да си платите казна. Сепак законите што се воведоа кај нас не се толку лоши и бизарни како овие, а можат и полесно да се испочитуваат истите.