Сабота, 03 Јули 2010 10:05

Гоогл Стрит Вју сними човек со глава од коњ, а таа снимка брзо се рашири. На улиците во Абердин човекот-коњ се појави повторно, но кратко и необјасниво исчезнува.
Прв пат е виден со џемпер и маска на коњ на главата. Сега повторно се појавува низ улиците во зелен џемпер и со пријателка која не носи маска, јавува Телеграф. Ни понатаму не се знае кој е човекот или момчето ниту пак што му е целта. Некои блогери веруваат дека во прашање е реклама, други дека на некои фестивали гледале слични маски, но сепак тој останува феномен. Стефан Клин од Германија вели дека мстериозното дете го среднал во Донингтон, но зборувал само англиски па и не се разбрале нешто посебно. Други пак за него велат дека го забележале во Норвич и Кардиф. На ју тјуб има еден корисник (TheHumanHorse)) кој ја поставил видео снимката всушност тврди дека тој е тој мистеризен човек-коњ и дека сеуште е тука.