Сабота, 10 Јули 2010 12:24

Џени Мунданго Манунга (25) од Калифорнија е осудена на пет години затвор поради тоа што самата на себе си праќала заканувачки пораки.
Таа пријавила дека и се заканува нејзинито поранешен дечко. Манунга неколкупати ги пријавила поранешниот дечко и неговата сестра поради што и полицијата неколкупати го уапсила. Сестрата дури поминала неколку дена во затвор бидејќи немала пари за кауција.
Но истрагата сепак открила дека таа всушност си ги праќа пораките. Имено откако раскинала со момчето купила нов број и си праќала пораки, а притоа дури деветнаесет пати го обвинила момчето. Судот сега и одредил година дена затвор и на поранешниот дечко и сестра му да исплати 50 000 долари како одштета.