Вторник, 13 Јули 2010 12:30

Британката Керол Фрасер во својата утроба носела близнаци, но никако не би можела да примети дека тие се различни.
Малиот Даниел е црн како мајка му, додека Марта е бела како татка си. Иако кога се родиле тие не се приметувале, но како што растеле разликата во бојата била се поевидентна. ''Луѓето коментираа како се различни, но никој не рече ништо нељубезно. Неодамна нас не застанаа јапонски туристи, кои беа толку фасцинирани што мораа да ги фотографираат. Нам веќе не ни се необични и понекогаш забораваме дека имаат друга боја на кожа'', вели Керол. За неа оваа ситуација и не е многу чудна. Таа израснала со мајка белкиња и татко црнец. Нејзиниот татко бил од Карибите, а потоа мајка и имала уште две ќерки со друг партнер и тие биле белкињи. ''Затоа не гледам никаква драма во имањето на братче или сестра со друга боја на кожа'', вели Керол. Ова се случува еднаш во милион односно близнаци да имаат различна боја на кожа, а таа предчуствувала дека тоа ќе се случи кај нив.