Вторник, 13 Јули 2010 13:32

Се појавува ново Чудовиште како она од Лок Нес (Loch Ness/Nessie) кое наводно според кажувањата ги одвлекувало рибарите во смрт во езерото Чањи во Сибир.
Чудовиштето кое мештаните го нарекуваат Нески опишано е како змија и има долг врат како Нес, како и големи заби во неговата голема вилица. Последната жртва која исчезнала без трага минатата недела бил еден педесетидевет годишен чивек. ''Ловев сам со своите пријатели на околу 150 метри од брегот. Фатив нешто големо и се исправив на чамецот како би се прицврстил подобро. Меѓутоа нешто го повлече толку силно што го преврти чамецот'', рекол Владимир Голишев (60). Според неговите зборови неговиот пријатели исчезнал под водата и од тогаш не се пронајдени неговите останки. Пред три години војникот Михаил Дороњин (32) исчезнал под слични вакви околности. Во изминатите три години вкупно се удавиле 19 лица во истото езеро, а од нив пронајдени се само неколку.