Сабота, 24 Јули 2010 13:01

Не е толку необично мечка да отвара врати од куќи и да пребарува храна, но малку почудно е доколку се каже дека тоа е направено и во еден автомобил.
Во Колорадо еден мечок влегол во незаклучениот автомобил додека сопствениците спиеле. Малку е чудно како успеал да влезе, но мирисот на храната и веројатно празниот стомак му биле инспирација. Мирисот на сендвич со путер од кикирики го привлекло животното да влезе во колата. Одејќи веројатно по сендвичот случајно го избацил менувачит од брзина и колата тргнала назад и застанала на некои четириесет метра наназад. Во соопштението на полицијата се претпоставува дека вратите на автомобилот од ударот во грмушките се затворил па животното се нашло во тесно и во паника па почнало да ја уништува колата и непрекинато да прави врева. Полицијата го разбудила сопственикот, а потоа со голема внимателност ја отвориле колата и мечката искочила и заминала во шумата. ''Требаше да видите како ми изгледаше автомобилот, од него нема веќе ништо морам да го фрлам во отпад'', вели Бен Стори сопственикот на оштетениот автомобил кој го уништи паничната мечка.