Четврток, 05 Август 2010 14:44

Група од туристи во обиколка на AWD Арената на кој се играше светското првенство во Германија пред четири години сега повторно имаше што да се види.
Сега не знаеме дали ова е најдобра или најлоша туристичка тура низ стадионот на кој играат играчите на Хановер. Но подеднакво интересно на туристите им е и тоа што го забележале низ обиколката, еден пар води љубов на средина на игралиштето. Туристите ги водел поранешниот фудбалер Клаус Брун кој потоа ги извел на теренот а таму ги чекало она интересно изненадување маж и жена среде сексуален однос. ''Не можев да верувам. Еден човек се сврте према мене и ме праша дали така Хановер прави младинци'', рекол Брун и додал дека заљубениот и вобуден кој веројатно сакал да проба нешто ново побегнал пред да дојде полицијата. Алал да им е на авантуристичкиот дух.