Понеделник, 06 Септември 2010 11:28

Титулата најмал човек на светот ја носи колумбиецот Едвард Нино Хернандец (24) кој е висок 70 цм.
Тој тежи десет килограми и од неодамна званично е најнизок човек на светот во Гинис. ''Од својата втора година не порасна ниту сантиметар. Лекарите никогаш не ни објаснија зошто не расне'', рекла неговата мајка Ноеми Хернандез. Кога бил роден тој тежел 1.5 килограми и бил долг 38 сантиметри. Лекарите го проучувале до својата трета година а потоа загубиле интерес вели телеграф. ''Среќен сум бидејќи сум единствен'', вели Едвард. Неколку пати го повторував школото а потоа се отпишав, но длабоко во себе тој е дружелубив човек. Најомилена игра му е домино а сака и многу да патува, иако тој никогаш не заминал надвор од Колумбија. Едвард има и девојка Фани која има осумнаесет години и 1.5 метар е висока. Титулата за најнизок човек ја презел од кинезот Хе Пингпинга кој е веќе починат. Но нема долго да ја држи бидејќи непалецот Кхагендра Тхапа Магар е најнискиот тинејџер кој ќе полни осумнаесет годни и е висок 56 цм.
