Зенит со мега понуда за Пандев, Горан го чека Јуве

pandev

Италијанските медиуми пренесуваат дека екипата на Зенит има мега понуда за Пандев но македонскиот интернационалец го чека Јувентус.

 

Sportmediaset објави дека екипата на Зенит доставила мега понуда до Горан Пандев за преселба на Македонецот во Рускиот шампионат.

Горан Пандев добил петгодишен договор вреден 20 милиони евра а Лацио обештетуваање од 14 милиони евра.

Но ваквиот предлог бил експресно одбиен од Пандев а Sportmediaset вели дека причината за тоа е Јувентус.

Се верува дека Горан начелно има постигнато договор за личните услови со Старата Дама и затоа претседателот на Лацио, Лотито е бесен.

Чиро Ферра е голем фан на Горан Пандев и наскоро се очекува Јувентус да извшри поголем притисок врз Лацио за ангажман на македонскиот интернационалец.

Најпрво Старата Дама треба да се ослободи од Давид Трезеге а заминувањето на напаѓачот го потврди и претседателот Џовани Коболи Џиљи.

32 годишниот Французин најверојатно ќе се пресели во Лион каде што ќе треба да ја пополни празнината која настана со заминувањето на Рибери во Баерн Минхен.

Кога оваа зделка ќе се реализира, Јувентус целосно ќе се насочи кон Пандев и Sportmediaset вели дека за сума од 12 милиони евра, Бјанкочелестите ќе дозволат преселба на Македонецот во Торино.

 

Извор:www.24fudbal.com.mk

 

{loadposition debug}

 

 


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Со феноменален пресврт, победничка, незапирлива игра
Фудбалерите на Арсенал го декласираа Блекбурн со 7-1 н
Револтиран од одлуката да ја напушти играта, рускиот
Ова се слики од најдебелата жена на светот. Таа низ не

Барај

 
Скопје -6 °C
Охрид -1 °C
  05.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed