Меси го доби Алфредо Ди Стафано Трофејот за најдобар фудбалер во Ла Лига

messi

Играчот на Барселона, Лионел Меси е вториот добитник на трофејот Алфредо Ди Стефанот кој се доделува на најдобриот фудбалер во Ла Лига.

Екипата на Барселона минатата сезона доминираше во Шпанија и Европа освојувајќи ја историската тројна круна.

Доказ за одличната сезона е гласањето за наградата Алфредо Ди Стефано, трофеј кој се доделува за најдобриот фудбалер во Ла Лига, а на првите четири места имаше дури тројца фудбалери на Барселона.

Лионел Меси беше прв во гласањето, Андрес Ињеста заврши втор, најдобриот стрелец во Шпанија, Диего Форлан беше трет а Чави Ернандез заврши трет.

Алфредо Ди Стефано за добитникот на наградата кажа: “Треба да сте слеп за да не сватите дека момчето имаше одлична сезона. Неговата игра беше невобичаена.”

“Изминатата сезона не беше на Реал Мадрид но можно е следната сезона играчите на Реал Мадрид да се вратат на врвот кога е во прашање оваа награда.”

Директорот на Marca, Едуардо Инда, не се соменва дека Меси е играчот кој најмногу го заслужи второто издание на Трофејот Алфредо Ди Стефанот.

“Да се освои оваа награда е прв чекор кон освојување на Златната Топка, секако дека ќе ја освои.” – рече Инда.

Лани Трофејот Алфредо Ди Стефано му припадна на Раул.

 

Извор:www.24fudbal.com.mk

 

{loadposition debug}


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Со феноменален пресврт, победничка, незапирлива игра
Фудбалерите на Арсенал го декласираа Блекбурн со 7-1 н
Револтиран од одлуката да ја напушти играта, рускиот
Ова се слики од најдебелата жена на светот. Таа низ не

Барај

 
Скопје -5 °C
Охрид -1 °C
  05.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed