Недела, 12 Јули 2009 02:25

Свинскиот грип не ги избегна фудбалерите, а меѓу првите играчи е и фудбалерот на Манчестер Сити, Мика Ричардс. Ричардс најверојатно овој вирус Х1Н1 или попознат како свински грип, го фатил на одморот во Кипар, каде што и сеуште престојува. Тој моментално е заробен во хотелската соба, за да не го шири вирусот меѓу поблиските пријатели и останатите. Фудбалерот на граѓаните најверојатно како што тврдат се чувствува подобро, но сеуште му треба одмор. ''Мика се чувствува подобро и едвај чека да се врати во Англија. Колку што знам јас, ова е прв случај на свински грип меѓу фудбалерите, така да на некој начин Ричардс ќе влезе во историјата'' изјави неговиот портпарол Макс Клифорд.
{loadposition debug}