Петок, 29 Јануари 2010 17:37

Френк Лампард си постави цел да постигне 20 гола за Челзи оваа сезона.
Фудбалерот од средниот ред на Челзи, Френк Лампард на последните натпревари ја враќа формата.
Тој постигна два гола во победата над Бирмингем од 3-0 во средата, со тие два дојде до бројка од 13 голови во оваа сезона.
Претходно Лампард имаше десет натпревари во серија без постигнат гол, па вели дека работел напорно за да го поправи својот финиш.
"Имате моменти кога не можете да постигнете гол, а потоа моменти кога топката влегува" - вели Лампард за Daily Star.
"Кога имав проблеми со реализацијата, работев напорно на тренингот, го вежбав штутот и влегување во позиции".
"Понекогаш чуствувате дека што и да направите не можете да постигнете гол, а има денови кога чуствувате дека што и да шутнете ќе влезе".
"Јас си поставив цел да постигнам 20 гола оваа сезона и сакам да го направам тоа".
"До сега имам постигнато 13 и доколку продолжам да постигнувам голови и да му помагам на тимот и дојдам до бројката од 20, ќе бидам многу задоволен" - изјави Лампард.
Извор:www.24fudbal.com.mk