Федералниот обвинител веќе разговарал со Пандев и Бранка?

pandev

Според медиумите од Италија, федералниот обвинител веќе разговарал со Горан Пандев и Марко Бранка околу жалбата на Лотито за нелегален ангажман.

Македонскиот интернационалец, Горан Пандев повторно е во вниманието на медиумите од Италија откако вчера претседателот на Лацио, Клаудио Лотито најави дека ’случајот Пандев’ не е завршен.

Првиот човек на Бјанкочелестите најави дека федералниот обвнител веќе врши истрага за неправилности во трансферот на Горан во Интер.

Лотито пред два месеци се пожалил дека Интер има договор со Пандев иако судскиот спор кој напаѓачот го покрена против Лацио за раскин на договорот сеуште не е завршен.

Агентот на Пандев, Карло Палавичино вчера експресно негираше дека тие се договориле со Интер пред Горан да добие раскин на договорот и нагласи дека не направиле ништо нелегално.

Но според медиумите од Италија федералниот истражител Стефано Палаци веќе разговарал со Горан Пандев и директорот на Интер, Марко Бранка.

Додатно, Интер не е под истрага само поради нелегален обид за ангажман на Пандев, бидејќи Лотито побарал да се истражи и случајот на Ледесма.

Аргентинецот исто така е мета на Нероаѕурите и Интер достави неколку понуди кои Лацио ги одби.

Ледесма за разлика од Пандев не успеа да го раскине договорот и за Лотито е сомнително тоа што Ледесма одбил трансфер во Џенова бидејќи сакал да оди само во Интер.

Со ист проблем се соочува и екипата на Рома откако Палермо се пожали дека Римската Волчица пред дозволениот рок постигнала дговорот со Фабио Симплисио, кој е под договор со Сицилијанците до крајот на сезоната.

Се шпекулира дека играчите можат да бидат суспендирани доколку се пронајде вина кај Инетр и Рома односно Пандев, Ледесма и Симплисо додека пак клубовите можат да добијат парична казна.

 

Извор:www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed