Вторник, 02 Февруари 2010 17:38

Дејвид Бекам подготвувајќи се за 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, вели дека Манчестер Јунајтед секогаш ќе биде негова прва љубов.
Ждребката од Лигата на Шампионите сакаше Дејвид Бекам да се врати на Олд Трафорд.
Дејвид Бекам имаше прекрасни моменти во Манчестер Јунајтед, тимот каде што ја стекна слават, ги покажа своите квалитети, настапи на 265 натпревари и освои 12 трофеи.
"Кога бев во Реал Мадрид мислев дека нема да биде добро чуството да се вратам на Олд Трафорд како противнички играч на Манчестер Јунајтед" - вели Дејвид Бекам.
"Првите неколку години надвор од Манчестер Јунајтед беа тешки за мене и многу работи ми недостасуваа".
"Тоа беше клуб за кој од секогаш сакав да играм и ми се допаѓаше секоја минута помината таму".
"Одсекогаш посакував да бидам дел од Манчестер Јунајтед, едноставно тоа беше во мене".
"Иако веќе не сум повеќе таму, јас сеуште сум голем фан и го гледам секој нивни натпревар кој можам".
"Одсекогаш сум им посакувал да играат добро и да бидат успешни бидејќи клубот сеуште ми значи многу".
"Кога се случи ждребката, почуствував дека е вистинско време да се вратам на Олд Трафорд".
"Враќањето на Олд Трафорд ќе биде посебна и многу емоционална ноќ".
"Зборував со Гери Невил по ждребката и двајцата сметаме дека тоа ќе биде голем дуел" - заврши Бекам.
Извор:www.24fudbal.com.mk