Сабота, 13 Февруари 2010 14:00

Дидие Дрогба се обидува да го убеди Гус Хидинк да го превземе кормилото на Брегот на Слоновата Коска во пресрет на Светското првенство.

Англискиот весник Sun дознава дека ѕвездата на Челзи, Дидие Дрогба разговарал со Гус Хидинк околу можноста тој да го замени сегашниот селектор Вахид Халихоџиќ.
Дрогба многу добро ги познава квалитетите на Гус Хидинк од кратката но позитивна авантура на холандскиот тренер на Стефорд Бриџ.
Хидинк не успеа со Русија да се квалификува на завршницата на Светското првенство, па се пишува дека токму поради тоа тој не сака да води друга репрезентација на мондијалот.
Сепак, Дрогба се надева дека ќе успее да го убеди Хидинк да го превземе кормилото на Брегот на Слоновата Коска.
Актуелниот селектор, Халихоџиќ е под притисок поради неуспехот на Африканскиот Куп на Нации и елиминацијата уште во 1/4 финалето.
Извор:www.24fudbal.com.mk