Понеделник, 15 Февруари 2010 16:43

Според медиумите од Турција, Холандскиот стратег Гус Хидинк во петок ќе стави потпис на договор со Турската фудбалска селекција.
Стратегот изминатиот викенд соопшти дека ќе ја напушти селекцијата на Русија откако ќе му истече договорот на 30 јуни 2010.
Холанѓанецот е поврзуван со многу клубови и селекции а последните шпекулации велат дека Хидинк ќе биде новиот селектор на Туриција.
Весниците Sabah и Fotomac велат дека во четврток Хидинк ќе пристигне во Турција за да стави потпис на договорот.
Се шпекулира дека во петок во Истанбул ќе се случи официјализирањето на четиригодишната соработка на Хидинк со фудбалската селекција на Турција.
Извештаите говорат дека Холанѓанецот ќе добива плата од околу 3,75 милиони евра годишно.
Турција не успеа да се квалификува на Светското Првенство во Јужна Африка и своето внимание тие го насочија кон квалификациите за ЕВРО 2012.
Хидинк има искуство од работа во Турција откако во сезоната 1990/91 беше тренер на Фенербахче.
Извор:www.24fudbal.com.mk