Челзи планира со 70 милиони фунти да го подмлади тимот

celzi

Челзи планира да потроши 70 милиони фунти во летниот преоден рок за четворица млади но исклучително големи таленти.

Англиските медиуми пишуваат дека Челзи планира да потроши 70 милиони фунти со цел да го подмлади составот со четворица високо ценети млади фудбалери.

Цел на Челзи се дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Невен Суботиќ, крилото на Бенфика, Ангел Де Мариа, фудбалерот од средниот ред на Наполи, Марек Хамшик и Бастијан Швајнштајгер од Баерн Минхен.

Челзи подолго време не бил вистински активен на трансфер пазарот, а во јануарскиот преоден рок не донесоа ниту еден нов фудбалер.

Роман Абрамович е подготвен да го одврзе ќесето и да го подмлади тимот, што реално и му е потребно на Челзи.

Френк Лампард, Дидие Дрогба, Рикардо Карваљо и Паоло Ферерира имаат по 31 година, Михаел Балак и Џилијано Белети имаат по 33, Деко има 32 години.

Се очекува младите фудбалери како Гаел Калкута, Џефреи Брума и Даниел Стариџ да имаат поголема минутажа идната сезона, но исто така се очекува да бидат донесени и четворицата претходно посочени фудбалери од кои Швајнштајгер со 25 е најстариот.

Речиси сигурно дел од сегашните фудбалери ќе го напуштат Челзи, Фереира и Белети се најблиску до тоа.

И Деко можеби ќе го напушти Стемфорд Бриџ, како и еден од централните дефанзивци, Рикардо Карваљо или Алекс, и за двајцата има интерес од други клубови.

Не е позната ниту иднината на Џо Кол кој сеуште не потпишал нов договор со Челзи.

Суботиќ е еден од најдобрите млади централни дефанзивци и некое време е на радарот на Челзи, но Јуве исто така се интересира за неговите услуги.

Челзи ќе има конкуренција и за Ди Мариа за кога сериозно заинтересиран е Манчестер Јунајтед, исто како и за Марек Хамшик.

 

Извор:www24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Со феноменален пресврт, победничка, незапирлива игра
Фудбалерите на Арсенал го декласираа Блекбурн со 7-1 н
Револтиран од одлуката да ја напушти играта, рускиот
Ова се слики од најдебелата жена на светот. Таа низ не

Барај

 
Скопје -5 °C
Охрид 0 °C
  05.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed