Дрогба именуван за Најдобар Фудбалер на Африка за 2009

drogba

Напаѓачот на Челзи, Дидиер Дрогба е именуван за Најдобар Фудбалер на Африка за 2009 и ова е второ признание во неговата кариера.

Дрогба, кој ја освои оваа награда и во 2006, оваа година беше избран пред соиграчот од Челзи и интернационалец на Гана, Михаел Есиен и Камерунецот од редовите на Интер, Самуел Ето.

Напаѓачот на Сините ја освои оваа награда на својот 32 роденден но не присуствуваше на церемонијата па официјалани лица од БСК ја подигнаа наградата во негово име.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска го наследи Емануел Адебајор, кој минатата година го доби признанието за Најдобар Фудбалер на Африка.

Победникот беше одлучен со гласасње на тренерите од националните селекции кој се членки на Конфедерацијата на Африкански Фудбал.

Напаѓачот на Гана, Доминик Адијиа е прогласен за Најдобар Млад Фудбалер за 2009 и тој успеа да стигне до оваа награда пред Кермит Ерасумус, играчот на Фејнорд и Јужна Африка и Нигериецот Сани Емануел од Боденс БК.

Селас Тете е именуван за Најдобар Тренер во 2009 откако ја предводеше младинската селекција на Гана до 20 години до триумф на Светското Првенство.

ТП Мозамбе е прогласен за Најдобар Клуб од Африка а нивниот капитен Тресор Мапути Маби е прогласен за Најдобар Фудбалер што настапува во Африка.


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Со феноменален пресврт, победничка, незапирлива игра
Фудбалерите на Арсенал го декласираа Блекбурн со 7-1 н
Револтиран од одлуката да ја напушти играта, рускиот
Ова се слики од најдебелата жена на светот. Таа низ не

Барај

 
Скопје -5 °C
Охрид 0 °C
  05.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed