Понеделник, 15 Март 2010 13:00

Тренерот на Милан, Леонардо е задоволен од победата над Киево, но е тажен поради повредата на Дејвид Бекам.
Леонардо има измешани емоции по натпреварот против Киево, Милан победи со 1-0 и се доближи на бод до Интер, но Дејвид Бекам се повреди и ќе го пропушти остатокот од сезоната.
"Повредата на Бекам прави да се чуствувам навистина лошо" - изјави Леонардо по натпреварот против Киево.
"Тој е исклучителен фудбалер и на мечот кој го одигра вечерва го покажа тоа".
"Поради ужасната повреда на Бекам не можам да ја прославам победата онака како што сакав".
"Победничкиот гол на Сидорф беше исклучителен, и тој се враќа во својата најдобра форма. На моменти е тешко да се изостави тој од составот".
"Знам дека Интер имаат само еден бод предност, но мораме да продолжиме смирено".
"Ова ќе биде страшна сезона, и како и да заврши на крајот, ќе ја паметиме поради различните емоции во текот на сезоната" - заврши Леонардо.
www.24fudbal.com.mk