Вторник, 16 Март 2010 14:39

Агентот на Дејвид Бекам вели дека повредата на неговиот клиент нема да значи и крај на кариерата, тој ќе продолжи да игра кога ќе се опорави.
Дејвид Бекам синоќа беше опериран во Финска откако ја скина ахиловата тетива на натпреварот за Милан против Киево.
Сонот на Дејвид Бекам за настап на Светското првенство во Јужна Африка се сруши, иако повредата е тешка, неговиот агент вели дека тој ќе се врати на терените.
"Ова не е крајот на играчката кариера на Дејвид Бекам" - изјави неговиот агент, Симон Оливеира за Guardian.
"Дури и да го пропушти Светското првенство, тој цели да игра (со Ла Галакси) кон крајот на сезоната во МЛС Лигата.“
“Дејвид е личност што брзо заздравува. Тој се надева на брзо опоравување".
Синоќа хирургот кој го оперираше Бекам потврди дека Англичанецот со сигурност ќе го пропушти Светското првенство.
Паузата за ваква повреда е помеѓу три и шест месеци.
www.24fudbal.com.mk