Четврток, 18 Март 2010 15:52

Македонија ЃП го пријави Партизан кај УЕФА поради неисплатени долгови за Вашингтон.
Македонија ЃП тврди дека Партизан беа обврзани да ја исплатат втората рата од трансферот на бразилецот најдоцна до 30 јуни, 2009-та година, но тоа сеуште не го сториле.
Затоа, од скопскиот клуб се одлучија на ваков потег кој автоматски не значи тужба туку само прв чекор со пријавување до УЕФА за забрзување на постапката за плаќање, јавуваат српските медиуми.
Вашингтон не се снајде најдобро во Партизан и во оваа сезона најчесто се користи како џокер од клупата и нема постигнато гол во српската супер лига. Минатата сезона, пак, постигна 4 гола во дресот на Партизан иако се приклучи кон српскиот тим од полу-сезона.
Земајќи во предвид дека Македонија Ѓорче Петров ќе треба да започне од четвртата лига во наредната сезона, овие пари би им биле и повеќе од добредојдени.
www.24fudbal.com.mk