Петок, 14 Мај 2010 13:23

Светскта куќа на фудбалот потврди дека до сега се доставени девет кандидатури за организирање на Светските Првенства во 2018 и 2022 година Официјалното предавање на документите за организацијата на мондијалите во 2018 и 2022 се одржува денес во домот на ФИФА во Цирих.
Делегатите од Австралија ја доставија првата кандидатура а светскта куќа на фудбалот потврди дека потоа добила уште осум кандидатури.
Четири од кандидатурите за организаирање на Светските Првенства во 2018 и 2022 доаѓаат од Европа, исто толку доаѓаат и од Азија (вклучувајќи ја и Автстралија) и една е од САД.
Дејвид Бекам беше човекот што ја достави кандидатурата на Англија а легендата на Холандија, Јохан Кројф ја достави кандидатурата на Лалињата.
Помеѓу јули и септември ФИФА ќе ги испрати своите инспектори во земјите кандидати и потоа на 2ри декмеври ќе биде донесена конечната одлука од страна на извршниот комитет.
Кандидати за одржување на мондијалите се: Австралија, Англија, Холандија/Белгија, Јапонија, Јужна Кореја, Катар, Русија, Шпанија/Португалија, САД.
Извор:www.24fudbal.com.mk