Вторник, 18 Мај 2010 14:27

Капитенот на Челзи, Џон Тери открива дека сопственикот Роман Абрамович бара клубот да ’владее’ во Европа Сините уживаат во сезона за паметење откако ја освоија двојната круна за прв пат во нивната историја.
Сепак тие го завршија настапот во Лигата на Шампионите уште во 1/8 – финелето и тоа во дуелот со нивниот поранешен стратег Жозе Мурињо, кој сега е предводник на Интер.
Титулата од најелитното првенство останува големата желба на Абрамович и Џон Тери открива дека сопственикот на клубот нема да биде среќен се додека ’Сините’ не завладејат со Европа.
“Нема сомнение што во мислите на Роман и во нашите мисли – јасно е дека го сакаме трофејот од Лигата на Шампионите.” – рече Тери.
“Тој рече дека ние мораме следната сезона да го освоиме тој трофеј и покрај тоа што е задоволен од двојната круна – па ние сме прилично одлучни да го исполниме неговото барање.”
“Бевме блиску до тоа во последните пет или шест години, и на моменти, бевме најдобриот тим во тоа натпреварување што сеуште го нема освоено трофејот.”
“Следната сезона сакаме да продолжиме од тоа што го направивме сега.”
“Сакаме да ја одбраниме титулта во Премиер Лигата и да триумфираме во ФА Купот, трета сезона по ред.”
“И доколку на тој успех го додадеме трофејот од Лигата на Шампионите, фановите, играчот, управата и Роман ќе бидат среќни.”
“Следната сезона финалето се игра на Вембли и ќе биде одличен начин конечно да триумфираме во Европа."
Извор:www.24fudbal.com.mk