Мурињо ги сакам Маикон, Милито и Коларов во Реал

milito

Жозе Мурињо веќе разговарал со Реал Мадрид за потенцијалните трансфер цели и сака ангажман на Маикон, Диего Милито и Аленсандар Коларов

Иако ’Специјалнииот’ негира договор со Реал Мадрид, медиумите не само што го гледаат Жозе Мурињо на кормилото на Сантијаго Бернабе, туку и велат дека тој веќе разговарал со управата на Кралевите за потенцијалните трансфер цели.

Како што пренесуваат медиумите од Шпанија и Италија, Португалецот имал јасни цели за тоа што му е потребно во Реал и побарал ангажман на Диего Милито, Маикон и Александар Коларов и уште двајца играчи од средниот ред.

Жозе Мурињо има голема доверба во аргнетинскиот интернационалец, кој постигна 28 погодоци на 50 натпревари во својата прва сезона во Интер.

Милито важи за еден од најзаслужните играчи за успехот што Интер го има оваа сезона откако постигна многу клучни погодоци, како што беше случајот во последното коло и дуелот со Сиена, кога Милито го постигна единствениот погодок за победа и одбрана на Скудетото.

Маикон подолго време се поврзува со преселба во Реал Мадрид и Жозе ќе побара од управата овој трансфер конечно да се реализира сега..

Бразилскиот интернационалец важи за еден од најдобрите десен бекови и со негово доаѓање на Бернабе, Серхио Рамос ќе биде прекомандуван во централниот дел на дефанзивата.

Мурињо сака да ја засили и левата бековска позицја и посакува ангажман на Александар Коларов.

Реал Мадрид подолго време го следи Давид Луиз од Бенфика, и управата на Кралевите веруваат дека токму тој играч треба да се ангажира, но Мурињо е голем фан на играта на српскиот интернационалец, кој воедно е и многу поефтина опција.

Новиот Реал Мадрид под водство на Мурињо ќе има и нови засилувања во средниот ред – ќе се бара квалитетен фудбалер за левата крилна позиција а се шпекулира дека веќе е постигнат договор со Валенсија за трансфер на Давид Силва.

Други имиња за пополнување на крилната позиција се и Ди Мариа и Коентрао од Бенфика.

За централниот дел на средниот ред, Реал ќе се обиде да донесе едно големо име а ќе се избира помеѓу Стивен Џерард и Даниеле Де Роси.

 

Извор:www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed