Среда, 26 Мај 2010 14:31

Градови домаќини на Светското првенство 2010 во Јужна Африка.
Блумфонтејн е судскиот главен град на Јужноафриканската Република и главен град на Фри Стејт провинцијата. Неговото име на холандски значи ´фонтана од цвеќиња´
Популарно е наречен и ´град на ружите´ поради годишниот фестивал на ружи кој се одржува таму.
На претстојното Светско Првенство ќе биде домаќин на пет натпревари од првата фаза и еден осминафинален натпревар.
Натпреварите ќе бидат одржани на стадионот Фри Стејт познат уште и како Водаком Парк. Изграден е 1995 година за тогашното светско првенство во рагби а реновиран за минатогодишниот Куп на Конфедерации. На овој стадион се одигра полуфиналниот меч каде САД приреди изненадување елиминирајќи го Европскиот шампион Шпанија.
Капацитетот на стадионот беше зголемен од 38 000 на 45 000 седишта а 6000 од нив се наменети за ВИП гости. Дел од надградбите вклучуваат инсталација на електронски семафори, надградба на рефлекторите и звучниот систем.

Стадионот исто така располага со огромен паркинг и се наоѓа на само 5 минути (со кола) од хотелите во кои ќе бидат сместени тимовите.
Блумфонтејн има богата историја и култура рефлектирана во архитектонските градби,безбројнинте музеи и споменици.
Националниот Музеј содржи една од најголемите збирки на фосили и археолошки артефакти во ЈАР. Англо-Бурски Воен Музеј и Брана од Солзи се музеи посветени на Англо-Бурската војна (1899-1904).
Надвор од градот се наоѓа Бојден опсерваторијата којашто може да ја посетат групи со претходно закажување.
Извор: www.24fudbal.com.mk