Четврток, 27 Мај 2010 13:44

Диего Марадона вети дека ќе се соблече доколку успее со Аргентина да стигне до златниот медал на Светското Првенство во Јужна Африка.
Аргентина важи за еден од фаворитите за триумф на мондијалот и покрај тоа што Гаучосите се мачеа во квалификациската група на Јужна Америка.
Марадона, кој беше капитен на тимот кој го осви трофејот од Светското Првенство во 1986, сега има шанси да стигне до златниот медал и како селектор.
Контроверзната личност, во свој стил, вети дека ќе трча гол околу најпознатиот споменк на Буенос Ариес доколку Аргентина триумфира во Јужна Африка.
Тој им рече на новинарите: “Доколку победиме на Светското Првенство, јас ќе се соблечам и гол ќе трчам околу Обелиск.”
Извор: www.24fudbal.com.mk