Петок, 28 Мај 2010 12:46

Европската куќа на фудбалот денеска реши да ја одбере Франција за домаќин на Европското Првенство во 2016 на кое ќе настапат 24 селекции.
Утрово трите финалисти за организирање на ЕВРО 2016 - Турција, Италија и Франција - ја направија последната формална презентација за нивната кандидатура пред извршниот комитет на УЕФА во Женева.
Италија беше елиминирана по првата рунда гласање додека пак во втората решавачка рунда, Франција успеа да добие седум гласа, еден повеќе од Турција.
По ова Европската куќа на Фудбалот реши Франција да биде домаќин на Европското Првенство што ќе се одигра во 2016.
„Франција е одбрана да биде домаќин на ЕВРО 2016, кога за прв пат на завршниот турнир ќе има 24 селекции.“ - гласеше соопштението на УЕФА.
Вакавата одлука ја соопшти претседателот на УЕФА, Мишел Платини откако утрово беа разгледани презентациите на финалните три кандидати - Турција, Италија и Франција.
Француската Фудбалска Федерација во својата кандидатура понуди 12 стадиони од кои на седум ќе се направи голема реконструкција а четири ќе бидат нови.
Како градови се понудени: Бордо, Ленс, Лил, Лион, Нанси, Ница, Марсеј, Парис (Стад де Франс и Паркот на Принцовите), Сент-Етиен, Стразбург и Тулуз.
Франција претходно беше домаќин на Европските Шампионати во 1960 и 1984 и ќе биде првата земја што три пати организирала ваков настан.
Извор: www.24fudbal.com.mk