Желбите на Мурињо ќе го чинат Реал околу 100 милиони евра

murinjo

AS објави дека Реал Мадрид ова лето ќе потроши околу 100 милиони евра за остварување на трансфер желбите на стратегот Жозе Мурињо Откако Флорентино Перез минатото лето се врати на претседателската функција во Реал, клубот започна со нова ’Галактикос’ ера и беа потрошени над 250 милиони евра за ангажман на играчи од типот на Кристијано Роналдо, Кака, Чаби Алонсо и Карим Бензема.

И покрај тоа Кралскиот клуб не освои ниту еден трофеј по што следеше промена на тренерот и пристигнување на Жозе Мурињо во Мадрид.

Стратегот веќе ги има идентификувано желбите и приоритетите и според AS, Реал би требало да потроши околу 100 милиони евра за излезе во пресрет на барањата на Жозе Мурињо.

Весникот водејќи се според зборовите на Португалецот ’ќе бидат потребни од три до четири засилувања’ вели дека Реал ќе се обиде да ги ангажира Маикон, Коларов, Анхел Ди Мариа и еден од Стивен Џерард и Даниеле Де Роси.

За услугите на десниот бек на Интер, Реал е подогтвен да одвои 25 милиони евра и AS очекува сума да биде доволна за ангажман на Маикон и покрај тоа што актуелниот Европски шампион побарува околу 35 милиони евра за услугите на бразилскиот интернационалец.

Се очекува околу 15 милиони евра да чини и трансферот на Александар Коларов од Лацио и покрај тоа што Клаудио Лотито побарува повеќе, околу 20 милиони евра, за српскиот интернационалец, кој е мета и на Интер.

Перез исто така е подготвен да одви и 30 милиони евра за ангажман на Анхел Ди Мариа од Бенфика.

Жозе Мурињо призна дека е подготвен да го ангажира аргентинскиот интернационалец но само доколку цената е правилна.

Последното засилување што ’Специјалниот’ сака да го направи е ангажман на играч од средниот ред, кој ќе биде партнер на Чаби Алонсо.

Даниеле Де Роси од Рома е првиот избор на Мурињо додека пак Флорентино Перез го посакува Стивен Џерард од Ливерпул.

Кралевите се надеваат дека ќе стигнат до услугите на барем еден од овие двајцата играчи од средниот ред од светска класа и нивен евентуален трансфер би чинел околу 30 милиони евра.

 

Извор:www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed