Понеделник, 07 Јуни 2010 13:41

Рафаел Бенитез е се поблиску до потпис со Интер, тоа го потврди и претседателот на Нероазурите, Масимо Морати.
Можно е уште во текот на денешниот ден Рафа Бенитез да биде назначен за нов тренер на Интер.
Преговорите на Бенитез со техничкиот директор на клубот, Марко Бранка се во тек и се очекува да финишираат успешно.
Претседателот на Интер, Масимо Морати вели дека може во наредните часови се да биде познато.
"Наредните неколку часа можат да бидат одлучувачки. Но мораме да го прашаме Бранка" - вели Морати.
Извор: www.24fudbal.com.mk