Снајдер се распрашувал за квалитетите на Бенитез !!!

Фудбалерот од средниот ред на Интер, Весли Снајдер вели дека ги распрасувал своите колеги од репрезентацијата, Кајт и Бабел, за тоа каков тренер е Бенитез.

Се очекува денеска Бенитез и официјално да стане новиот тренер на Интер.

Снајдер ги прашувал своите колеги од репрезентацијата Кајт и Бабел за квалитетите на Бенитез.

"Зборував за него со моите сонародници кои играат во Ливерпул" - вели Снајдер за Gazzetta dello Sport.

"Логично Дирк Кајт и Рајан Бабел ми дадоа спротивставени мислења, едниот секогаш игра додека другиот многу ретко, па разбирливо е тоа што едниот е среќен другиот не".

"Но и двајцата ми рекоа дека Бенитез е добар тренер".

Потоа Снајдер беше запрашан дали неговата посебна поврзаност со Мурињо може да го натера да замине од Интер и да се врати во Мадрид.

"Не ни помислувам на тоа. Тука сум среќен и 100% останувам во Интер".

Снајдер верува во квалитетите на холандската репрезентација, верува во успех на Мундијалот.

"Тешко е да се најде фаворит, има повеќе силни репрезентации".

"Од таа причина треба да останеме апсолутно сконцентрирани и да не правиме грешки".

"Но, ние сме подготвени и веруваме" - заврши Снајдер.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed