Горан Попов потпиша за Динамо Киев!

Македонскиот интернационалец, Горан Попов потпиша пет годишен договор со Динамо Киев!

По успешните перформанси за холандскиот Херенвен и македонската репрезентација, левиот бек беше цел на повеќе големи клубови од Англија и Германија, но најголем интерес покажа украинскиот клуб, Динамо Киев.

Скаути на овој клуб ги следеле игрите на Горан Попов во холандската лига и неговите настапи за нашата репрезентација, по пријателските дуели против Азербејџан и Романија, Динамо започнале преговори со Херенвен.

Горан Попов потпиша пет годишен договор со Динамо Киев и ќе го носи дресот со број шест.

Динамо Киев за трансферот на Горан Попов ќе му плати на Херенвен три милиони евра.

Попов е роден на 02.10.1984 во Струмица и кариерата ја започна во Беласица. Пред да се пресели во Херенвен играше во Црвена Ѕвезда, Одра, Левадикос и АЕК. Има 31 настап за Македонија и постигнато два гола за националниот тим.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed