Барселона ќе понуди 45 милиони евра за ангажман на Цеск Фабрегас

Блауграна се обидува да го врати на Камп Ноу, Цеск Фабрегас и веќе достави официјална понуда која Арсенал експресно ја одби.

Преговорите помеѓу двата клуба во последните неколку дена се блокирани и Росел верува дека преку лична средба со Арсен Венгер ќе може да се надминат проблемите.

El Mundo Deportivo повикувајќи се на свој блиски извори до управата на Барса вели дека Росел денеска треба да има средба со Венгер но изворот не сакал да дава детали за местото и времето на одржување на состанокот.

Весникот вели дека Росел сака да го убеди Венгер дека понудата на Барса е добра бидејќи се работи за играч кој потекнува од младинската школа на Барселона.

Извештајот говори дека управаа на Каталонците дури се подготвени да ја зголемат понудата и да одвојат 45 милиони евра.

Исто така претседателот на Барселона сака средбата со Венгер да биде подалеку од очите на медиумите со цел да не го вознемири Цеск Фабрегас во ппресрет на важен натпревар како што е финалето од Светското Првенство.

Во Јужна Африка исто така е и потпретседателот за спорт на Барселона, Хосеп Мариа Бертомеу кој можно е да се сретне со извршниот директор на Арсенал, Иван Газидис.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed