Македонија со пад од пет места на најновата ранг листа на ФИФА

Fifa

Македонија со пад од 5 места на најновата ФИФА ранкинг листа, Светското првенство донесе доста промени на табелата.
На последната ранг листа на ФИФА, Македонија заедно со Јужна Африка го дели 66то место на табелата, нашата селекција има пад за 5 позиции.

Светското првенство донесе многу промени на табелата, Бразил е симнат од врвот, сега таму е Шпанија која од втората скокна на првата позиција.

Второто место и припаѓа на Холандија, Бразил е трет, Германија четврта, Аргентина се искачи на петата позиција, одличен скок има Уругвај кој се подоби за десет места и сега е шести.

Англија има пад за едно место, сега е седма, Португалија е осма, Египет е девети, Чиле со скок од осум места се најде на десетото место.

По разочарувачкиот настап на Светското првенство, Италија излезе од топ 10, со пад од шест позиции сега е на 11то место, уште полоша е ситуацијата на Франција која е цели 12 позиции подолу, дури на 21то место.

Од нашите соседи Грција е на 12то место, Србија е место подоле, Бугарија е 43та, Албанија има скок од осум места и сега е 71ва.

Нашиот прв противник во квалификациите за ЕВРО 2012, Словачка се најде на 27то место со скок од седум позиции.

Комплетната табела можете да ја погледнете ТУКА

Извор: 24fudbal.com.mk
 

 


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Интернет порталот „thetennisspace.com“ се одлучи да напр
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ја доби наг
  Инцидентот се случил кога седмогодишниот син на Bec
Претседателот на француската фудбалска федерација,

Барај

 
Скопје -8 °C
Охрид -5 °C
  07.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed