Аргентина ќе му понуди на Марадона нов четиригодишен договор

Аргентинската Фудбалска Федерација ќе му понуди на Диего Марадона можност да ја предводи селекцијата на Светското Првенство во Бразил.
Според најавите на медиумите претседателот на АФФ, Хулио Грондона следната недела ќе се сретне со Диего Марадона и ќе му понуди нов четиригодишен договор.

Аргентинската Фудбалска Федерација сака Марадона да ја предводи селекцијата на мундијалот во Бразил кој ќе се одржи во 2014.

Иако Гаучосите се мачеа во квалификациите за СП 2010 и Марадона беше цел на многу критики, Аргентина им ги затна устите на голем дел од критичарите прикажувајќи одлични перформанси во Јужна Африка се до шокантниот пораз од Германија во четврт-финалето.

Марадона по поразот од 4-0 во дуелот со Германија индицираше дека е подготвен да си замине од селекторската позиција но подоцна откако доби голема поддршка од фановите и играчите се предомисли.

АФФ најави дека тие ќе ја испочитуваат досегашната практика да не им врачуваат отказ на селеккторите и го оставија Марадона сам да одлучи дали ќе продолжи или ќе си замине.

Се очекува најдоцна до среда Марадона да се сретне со Грандона по што ќе се знае дали легендата на Аргентинскиот фудбал ќе продолжи да биде селектор.

 

Извор: www.24fudbal.com.mk


Powered by Web Agency
blog comments powered by Disqus
Претходно во оваа категорија:
Со феноменален пресврт, победничка, незапирлива игра
Фудбалерите на Арсенал го декласираа Блекбурн со 7-1 н
Револтиран од одлуката да ја напушти играта, рускиот
Ова се слики од најдебелата жена на светот. Таа низ не

Барај

 
Скопје -5 °C
Охрид -1 °C
  05.02.2012 Svastarnik

Соновник

Horoskop

Reklama



Македонски радија



Пријатели

first
  
last
 
 
start
stop

RSS Feed