Петок, 23 Јули 2010 13:05

Македонскиот интернационалец, Горан Пандев вели дека Интер може и во следната сезона да ја освои тројната круна но признава дека тоа ќе биде многу тешко Пандев во јануари му се приклучи на Интер, откако по судиски пат го раскина договорот со Лацио, и во шестте месеци на Џузепе Меаца стана еден од клучните играчи на Жозе Мурињо во походот кон историската тројна круна.
Македонскиот интернационалец минатата недела ги започна подготовките за новата сезона под водство на новиот стратег Рафаел Бенитез и напаѓачот верува дека Нероаѕурите можат да ја повторат тројната круна.
“Секогаш ќе ги паметам трофеите освоени со Интер минатата сезона.” – рече Пандев.
“Дали можеме да го повториме успехот? Тоа многу ќе зависи од среќата што ќе не прати, но секако дека ќе се обидеме. Одлучни сме повторно да имаме добра сезона.”
Пандев по историскиот успех со Интер во Македонија беше пречекан како херој.
“Претседателот на Фудбалската Федерација ми даде награда за триумфот во Лигата на Шампионите а градоначалникот на Струмица организираше прослава на плоштадот.”
“Што би му посакал на Мурињо? Се надевам дека тој ќе освои се освен Лигата на Шампионите. Тој ми испрати смс порака и ми посака многу среќа во новата сезона. Тоа е убаво.”
“Бенитез? Се имам сретнато еднаш кога со Лацио игравме пријателски натпревар против Ливерпул. Тој е одличен тренер. Сега работиме добро.”
Минатата зезона, Горан Пандев добар дел од натпреварите ги одигра по левата крилна позиција како поддршка за напаѓачот Диего Милито.
“Секако дека е тешко, но за доброто на клубот сите сме подготвени да играме на било која позиција. Во првиот дел од сезоната не играв воопшто а потоа дадов се за Интер па почувствував замор а во завршниот дел дојде и повреда и пат на формата.”
“Кои беа моите најдобри натпревари? Против Каљари, Милан и Барселона.“
“Но сеуште можам да се подобрам. Работам добро и сакам да се подобрам. Во споредба со минатата сезона сакам да направам нешто повеќе, можеби повеќе од мојот личен голгетерски скор во една сезона (19 погодоци).”
Извор:www.24fudbal.com.mk