Понеделник, 26 Јули 2010 10:26
![]()
Според медиумите од Италија, во многу кратко време Реал Мадрид би можел да го комплетира трансферот на десниот бек на Интер, Маикон По затварањето на прашањето за иднината на Марио Балотели, Интер најверојатно ќе остане без уште еден ѕвезда.
По извештаите на медиумите од Италија дека Интер и Манчестер Сити вчера постигнале согласнсот за трансферот на Марио Балотели La Gazzetta dello Sport вели дека сега и Реал Мадрид се обидува конечно да го договори трансферот на десниот бек Маикон.
Флорентино Перез е решен да му ја исполни желбата на Жозе Мурињо и претседателот на Реал Мадрид е подговен на Маикон да му понуди годишна плата од 6 милиони евра плус бонуси што е многу блиску до барањата на играчот за 7 милиони евра по сезона.
Се шпекулира дека Реал Мадрид и Интер од претходно се блиску до договор откако Кралевите се сложиле да платат 28 милиони евра плус уште неколку милиони во бонуси.
Откако Нероаѕурите ќе го добијат парите од продажбата на Балотели и Маикон ќе настапат на трансфер пазарот во обид да ги комплетираат своите желби.
Медиумите велат дека една од првите цели ќе биде Хавиер Маскерано, како и Џузепе Роси и Дирк Кајт.
Не се исклучува и можноста Интер да тргне по Бастијан Швајнштајгер, играч за кого Масимо Морати има многу високо мислење но тешко замисливо е дека Баерн ќе се реши на продажба освен ако не пристигне спектакуларна понуда
Извор:www.24fudbal.com.mk