Петок, 03 Септември 2010 12:50

Дејвид Бекам се надева дека следниот викенд ќе се врати на теренот по повредата на ахиловата тетива. Бекам од март е надвор од терените кога на натпревар за Милан ја скина левата тетива, повреда која не му дозволи настап на Светското првенство.
Повредата полека станува минато, Бекам се надева дека ќе биде дел од натпреварот на Галакси против Колумбус на 11ти септември.
"Докторите го определија 1ви октомври како дата кога треба да се вратам, но јас секогаш велев дека ќе бидам подготвен и порано од тоа" - изјави Бекам за официјалната страна на ЛА Галакси.
"Ќе ги стегам палците и се надевам дека ќе бидам дел од натпреварот против Колумбус. Ќе бидам на клупата надевајќи се дека ќе ги одиграм последните 15-20 минути од натпреварот".
Извор:www.24fudbal.com.mk