Среда, 28 Октомври 2009 15:11

Конечно на пазарот излезе IPod Nano 5 генерација. Во најновата генерација на IPod Nano момците од Apple додале и VGA камера и FM радио приемник.
Најновата 5 генерација освен што доби VGA камера се измени малку и неговиот надворешен изглед. Екранот сега е со резолуција од 376x240 пиксели. Надворешниот изглед е направен од алуминиум , а бојата е направена со автомобилски лак и со тоа IPod Nano добива совршен и блескав изглед.
На задната страна на оваа 5 генерација се наоѓа VGA камерата со резолуција од 640x480 пиксели и веднаш под неа има вградено и микрофон. Запишувањето на видео фајловите се врши во H.264 или MPEG-4 . Мала замерка за камерата е тоа што нема можност за зумирање.