Петок, 04 Јуни 2010 12:41

Норвежанец измислил радар за вулканска прашина. Оваа нова технологија која во иднина би можела да ги смали влијаниата и последиците од вулканската прашина на авионите ќе биде спонзорирана од easyjet.
Оваа компанија ќе биде првиот авио превозник кој ќе го воведе новиот радар за прашина, односно новиот систем AVOID- Авионски идентификатор и детектор на вулкански објекти. Овој систем подразбира поставување на инфрацрвена технологија на авионот така што пилотите во контролниот центар на авионот би можеле да имаа увид за некоја вулканска активност. Со ова ќе може да се види облак од пепел и до стотина километри пред авионот на висина од 1 500 до 15 000 метри. AVOID го креирал Фред Прат од норвешкиот институт за истражување на зраци. Првиот пробен лет со новиот радар за вулканска прашина ќе биде направен за помалку од два месеца во тест авионот Airbus A340. Компанијата планира да потроши некаде околу 1.2 милиони евра за да го вгради ова во своите десетина авиони. Ова за низ е евтина инвестиција и го препорачуваат и на другите компании. Оваа фирма за време на ерупциите на исландскиот вулкан тие со откажувањето на летовите загубија меѓу 60-90 милиони евра.