Сабота, 05 Јуни 2010 12:47

Пребарувачот Google наскоро на своите корисници ќе им овозможи сами да си изберат позадина на која што ќе пребаруваат.
Наместо белата позадина корисниците ќе можат да си стават нивна слика по избор. Оваа опција моментално е овозможена само во неколку држави од која е и Америка , а наскоро ќе биде овозможена и низ целиот свет.
Сликите ќе мораат да бидат со резолуција 800x600 пиксели . Сликите ќе се качуваат на сервер на компанијата Google .