Понеделник, 12 Јули 2010 15:35

Фејсбук воведува додатна апликација како би можела да се заштити безбедноста на децата и помладите кои користат интернет ова го соопшти во понеделникот Организацијата за заштита на деца, која е всушност и иницијатор на оваа акција.
Оваа додатна апликација е добра за корисниците кои имаат од 13-18 години, а исто така им помага пруижајќи им помош, советувајќи ги како да останат безбедни во текот на користењето на интернет. ''Знаеме од стекнатите искуства од разговорите со обвинетите дека визуелното предупредување може да ги заштити децата додека се на интернет'', рекол директорот на организацијата Џим Гембл додавајќи дека оваа апликација би требало да представува дополнително осигурување и за родителите чии деца користатт интернет. Така од сега уште на почетната страница овој сајт автоматски ќе јавува порака која ги повикува сите млади корисници да ја додадат оваа апликација.