Четврток, 04 Февруари 2010 18:50

Момчето кое ја ограбило Парис Хилтон минатата година во емисијата ''Good morning America'', открил кој од ''холивудскиот свет'' бил негова жртва. Но не зборуваше само тоа, туку и за Парис Хилтон и колку таа е всушност глупава.
Ник Пруго (18) тинејџер од Калифорнија кој е познат како водач на една банда од група млади луѓе, кои ги ограбуваат славните. Ник велел дека неговата банда се состои воглавно од убави девојки, како и тоа дека од сите нивни жртви најинтересна била Парис Хилтон. ''Два месеци таа не ни примети дека сме ја ограбиле. Дури кога некои момци одлучија насилно да влезат таа сватила дека и недостасуваат некои работи''. ''Ја остави вратата од куќата отворена, и клучот го стави под тепихчето, неможев да верувам дека некој може да направи такво нешто'', рекол тој. Пруго и неговите соучесници од куќата земале неколку илјади долари, пет грама кокаин, накит од милион долари... ''Признавам дека таа ни беше прва мета кога тргнавме во грабеж. Мислевме дека таа е едноставно глупава и дека ќе ни тргне од рака. Бевме во право. Кој денес остава отклучена врата од вилата и неколку илјади долари наоколу?!''. На листата се најдоа и Орландо Блум, Линзи Лохан, Рејчел Билсон и Одрина Патриџ. На Пруго му се заканува казна од шест години затвор, и во емисијата во која гостуваше јавно им се извини на познатите секако и на Парис Хилтон.