Сабота, 24 Јули 2010 12:44

Медиумите откриваат дека глумецот Леонардо Ди Каприо го опкружиле додека бил во тоалетот на стадионот.
Глумецот смртоносно се исплашил за време на четвртфиналниот натпревар помеѓу Холандија и Бразил на Светското првенство кое се одржа во Јужна Африка. Магазинот Национал Енкуиер дознава дека Ди Каприо пробал да се измаскира со црни очила и безбол капче како би останал неприметен додека оди од ложата до јавниот тоалет. На глумецот ова не му успеало бидејќи неколку фанови го приметиле а потоа брзо се расчуло и тоалетот го преплавиле десетици обожаватели. Звукот на вувузелите и чукањата пред неговата кабина го преплашиле, па тој почнал хистерично да бара помош. За негова среќа дошло обезбедувањето и ја растерало толпата. Излегол блед и под заштита успеал да влезе на своето место во ложата. Инаку Леонардо Ди Каприо е познат по нетолеранцијата кон обожавателите и фотографите.