Вторник, 27 Јули 2010 15:52

Изгледа како Деми Мур залудно да вложува во својот изглед бидејќи нејзиниот сопруг речиси воопшто тоа и не го приметува, тој само во неа ја гледа личноста, доброто срце и паметот.
Ештон Качер (32) ја сака постарата глумица Деми Мур (47) која е мајка на три деца и со неа се оженил во 2005 година. Глумицата добро се носи со своите години и може да се пофали со својата сексипилност и добриот изглед, но тој тоа не го приметува многу.
''Кај Деми Мур најмногу ме привлекува нејзинот ум и топлото срце и начинот на кој се грижи за луѓето''; рекол Ештон, кој своевремено признава дека бил голем женкар. ''Девојките не ги сваќав озбилно, но секоја мислеше дека може баш таа да ме промени. Тогаш ја запознав Деми и се променив'', вели глумецот.