Петок, 12 Март 2010 13:23

Годинешната мисица на САД вели дека изборот за најубава Американка значи многу повеќе од победа. ''Луѓето погрешно размислуваат дека нам најважна ни е круната. Мислам дека нашата улога е да ги менуваме работите'', рекла Caressa Cameron (22).
Симпатичната девојка од Фредриксбург ја понесе титулата Мис Америка и си зема 50 000 долари школарина. Во изборот учествуваат 53 убавици, кои според долгата традиција се натпреваруваат во костими за капење, вечерни фустани, талент и разговор со жирито. Caressa Cameron студира новинарство, а како талент избрала пеење и испеала песна од Beyonce. Традицијата на избор за Мис на Америка првпат се одржала во Антлантик Сити во 1921 година.