Среда, 12 Мај 2010 13:33

Германската манекенка Клаудија Шифер, која е во седмиот месец на својата бременост се фотографирала за јунското издание на германскиот магазин Vogue. Позата во која е таа сликана е иста како Деми Мур пред скоро дваесетина години.
Во 1991 година кога Деми Мур во седмиот месец на својата бременост се сликаше гола за магазинот Vanity fair тогаш се предизвика скандал, но речиси две децении подоцна на таква слика и поза се гледа условно кажано како на уметност. ''Нам ни беше важно да покажеме на кои начини женственоста може да биде убава и позитивна слика за своето тело може да се има без разлика на околностите'', објаснува Шифер (39).