Вторник, 16 Март 2010 21:23

Ксенија Пајчин и нејзиниот дечко Филип Каписода се пронајдени мртви во стан во Белградската населба Вождовац.
Нивните безживотни тела се пронајдени со прострелни рани од огнено оружје , а засега се мисли дека се работи за убиство и самоубиство иако полицијата сеуште не дала изјава за медиумите.
Според " Press Online " безживотните тела ги пронашла мајката на Ксенија Пајчин . Исто така се дознава дека полицијата во последниве два дена неколку пати интервенирала во тој стан поради насилство но никој не бил приведен.